Antologiska cover
Antologiska cover

Antologiska Lyrics Meanings
by Fusnota

ER
1

Antologiska Lyrics

Почувствувај, студени ветришта
Jа крунисаа мојата мизерија

Ти заборави јас која сум
Постојам ил' не? Тонам во себе
Трагам по себе си, со денови
Очајувам, веќе е прекасно

Јас загубив во битката
Антологија на болката
Многу одамна бев бог на своето време

Ти се криеш поразен
Јас се давам во море од солзи

Мојот дом е разурнат
Сонувам ил' вистина е?
Јас сум зрно песок во пустина
Друг ќе гази по моите коски

Само студ пронајдов
Само смрт ми подари

Кој ли ќе трага по мене?
На кој ли ќе му требам?

Немој да си одиш, остани
Дај ми причина за да постојам

Уште овој пат и ќе исчезнам
Уште овој пат и ќе потонам

Не можам да издржам, треперам
Ладна пот ме обвива
Се обидувам да се исцелам
Со твоја слика во глава
Знам дека ме чекаш
Загубена во твојот поглед
Чим очи ти светнат
Не можам да спијам, сонувам будна
Си велам само уште овој пат
Уште овој пат и засекогаш ќе потонам

Сè што ми подари: студени огнови
Прекрасни отрови, последни обреди

Writer(s): Emilija Dichkovska, Zlatko Andonovski
Copyright(s): Lyrics © DistroKid
Lyrics Licensed & Provided by LyricFind

Antologiska Meanings

Be the first!

Post your thoughts on the meaning of "Antologiska".

End of content

That's all we got for #

What Does Antologiska Mean?

Attach an image to this thought

Drag image here or click to upload image

Lyrics Discussions

1

478
Hot Tracks
Recent Blog Posts